ЗА НАС

КУПУВАМЕ ЗА ВАС ВО АМЕРИКА И ВИ ГИ ДОСТАВУВАМЕ ВАШИТЕ НАРАЧКИ ДО
ВРАТА, НА БИЛО КОЈА АДРЕСА ВО МАКЕДОНИЈА

Многу производи се значително поевтини во САД во споредба со цените на истите производи во Македонија и Европа, но продавачите и веб продавниците не вршат директна испорака до адреси во Македонија или пак трошоците за испорака се исклучително високи. Затоа се појавува USASHOPS – онлајн услуга на меѓунарпдната компанија за транспортна логистика, пренасочување на поштенски пратки и меѓународна шпедиција – PARCEL UNIVERSE Corp. Користејќи ги услугите на USASHOPS благодарение на огромното искуство на професионалците кои се ангажирани кај нас, ви овозможуваме да бидете дел од глобалната сцена на електронската трговија. Без разлика дали се работи за шопинг за облека, подароци, козметика или предмети за домаќинство или итно ви се потребни делови за вашите производствени погони кои се достапни само во САД, нашето знаење, експедитивност и посветеност ќе ви бидат од корист за да ги добиете вашите нарачки за најкратко време и најевтино до било која адреса во Македонија. За нашите услуги не ви е потребно да имате ниту кредитна картичка, зашто за нас се прифатливи сите форми на плаќање.

НАШАТА МИСИЈА

  • Да им олесниме на македонските граѓани да купуваат онлајн од било која американска веб продавница и да им ги испорачаме нивните производи до било која адреса во Макеонија, брзо, лесно и едноставно бвез непотребни процедури и административни постапки

  • Да понудиме квалитетна, ефикасна, и професионална услуга по пристапни цени за испорака на пратки од САД

  • Да се издвоиме на пазарот преку извонредна поддршка за нашите клиенти во било кој дел од процесот на услугите за испорака

  • Да успееме да имаме 100% исполнување на нашите ветувања за испорака во поглед на времето за достава на пратките во Македонија

  • Континуирано да ја подобруваме нашата услуга и да го прошируваме нашето портфолио на услуги за нашите клиенти

  • Работејќи според законските одредби во САД и Македонија да придонесеме за сузбивање на сивата економија, недозволената трговиja и измамите на потрошувачите кои купуваат онлајн

  • Да успееме да имаме широка база на клиенти кои се задоволни од нашите услуги и кои би не препорачале на своите деловни соработници или пријатели

  • Да работиме напорно за да ги намалиме грешките во работењето за подобро корисничко искуства на сите наши корисници

НАЈНИСКИ ТРОШОЦИ ЗА ТРАНСПОРТ И ИСПОРАКА

  • Пред да ја потврдите вашата нарачка кај USASHOPS, секогаш добивате детален преглед на трошоците за испорака на вашите онлајн нарачки. Благодарение на нашето знаење и оптимизација на процесите, како и големиот обем на пратки, ние ви овозможуваме испорака по привилегирани стапки за транспорт, поштенска достава и шпедитерски услуги.

  • Консолидацијата т.е. групирањето на пратки ви овозможува поисплатливи, поевтини цени за испорака отколку испораката на повеќе поединечни пратки. Вие можете да купувате онлајн од повеќе веб продавници, но да добиете услуга со цена за испорака на една пратка т.е. еден пакет, што значително ги намалува трошоците за транспорт и достава.

  • USASHOPS ќе ви понуди достава на вашите пратки по цени кои не може да бидат понудени од ниту една компанија за достава на пратки и ние континуирано ја подобруваме нашата услуга со цел понтамошно оптимизирање на процесот на транспорт и логистика за да понудиме уште подобри цени за нашите корисници.

НАЈНИСКИ ТРОШОЦИ ЗА ТРАНСПОРТ И ИСПОРАКА

  • 45, 60 или 90 денови на бесплатно складирање за Премиум членовите и 7 дена бесплатно скалдирање за обичните членови.

  • Бесплатна сметка без месечна претплата. Само трошок за процесуирање на секоја пратка после нарачката.

  • Печатените магазини и обичните писма можеме да ги испорачаме за само 150 денари од пратка плус поштарината за обичните членови или за вкупно 100 денари за Премиум членовите.

БЕСПРЕКОРНА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА

  • 24/7 пристап до вашата лична сметка на USASHOPS. Детали за секоја ваша пратка, вклучувајќи и „тракинг број“ за определни видови на пратки, во зависност од видот на вашето членство.

  • E-mail известувања за пратките и состојбата на вашата лична сметка.

  • Опции за да добивате дополнителни фотографии за содржината на вашите пратки за да бидете сигурни дека се испорачани до нашиот склад во добра состојба и дека ништо не недостасува. Фотографиите од надворешноста на пратките се вклучени во цената за надоместокот за процесуирање.

  • Корисничката поддршка може да вклучува и поддршка за враќање на пратките кои не одговараат на вашата онлајн нарачка од веб продавниците или од нарачките од кои едноставо не сте задоволни од различни причини.

Нарачај сега