Стока испратена од странство од правно лице (фирма) во помали пратки со писмо или поштенски пакет која ја прима физичко лице кое живее или има одобрен престој во Република Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки и ДДВ под услов вкупната вредност на пратката да не надминува 22 ЕВРА во денарска противвредност, со вклучени транспортни и манипулативни трошоци.

Доколку вредноста на стоката е од 22 до 90 евра, истата е ослободена од плаќање царински давачки, но подлежи на плаќање на ДДВ.

Подолу се наведени услугите и цените за најчесто користените услуги и базичните цени кои ги наплатуваме за овие услуги. Премиум членовите плаќаат намалени цени за најголем дел од овие услуги во зависност од бројот на нивните ВИП поени и вредноста на нарачките.

Тип на услуга

Бесплатно членство

Премиум членство

Опис

Надоместок за процесирање

product.png

150 МКД

100 МКД

Надоместокот е фиксен износ за прием и процесирање на секоја поединечна пратка

Групирање на пратки

storage.png

300 МКД / пратка

150 МКД / пратка

Консолидирање на повеќе ваши нарачки во една кутија за испорака. Ова овозможува поефикасно искористување на просторот и дополнителни заштеди при испорака.

Специјални барања

professions.png

350 МКД / пратка

250 МКД / пратка

Понекогаш ви се потребни посебни услови за испорака на вашите пратки и затоа ви се достапни специјалните барања. Почнувајќи од дополнително пакување до пополнување на определни декларации и слично.

Експрес услуга

express.png

400 МКД / пратка

250 МКД / пратка

Со експрес услугата вашите пратки ќе ги прескокнат редовните листи за испорака. Ова значи дека вашата пратка ќе добие ВИП третман. Секоја услуга ќе има приоритет над обичните пратки.

Дополнителни фотографии

browser.png

400 МКД / пратка

250 МКД / пратка

Со секоја пратка може да добиете и дополнителни фотографии на содржината, серискиот број на пратките и слично за да бидете сигурни дека сте добиле тоа што сте нарачале.

Дополнително пакување

shipping-and-delivery (2).png

200 МКД / пратка

100 МКД / пратка

Кога се врши испорака на кршливи предмети или можеби сакате дополнителна сигурност можете да побарате допонително пакување. Достапни се фолии со воздушни меурчиња, ленти, етикети или безбедносни ленти.

Масивни пратки

forklift.png

500 МКД

500 МКД

За пакетите со тежина над 15 килограми се наплаќа дополнителна сума од 500 денари, а за пакетите над 30 килограми се наплаќа сума од 1000 денари. За секој пакет над 30 килограми обратете се до нашата служба за поддршка на корисници.

Складирање

warehouse.png

7 денови бесплатно

45,60 или 90 денови бесплатно

Складирањето на пратките е бесплатно за сите нарачки во првите 7 денови. За пратките кои нема да бидат испорачани после 7 денови започнува пресметка на складишнина за секој изминат ден. Клиентите кои имаат Премиум членство добииваат 45 или повеќе денови бесплатно складирање во зависност од нивниот статус во Програмата за награди.